Секојдневна грижа, сигурен квалитет.
Јеловица е современо претпријатие посветено на производство и дистрибуција на хартиени и хигиенски производи за домаќинството. Нашето портфолио опфаќа тоалетна хартија, кујнски бришачи, салфети, хигиенски влошки, како и кујнски сунѓери и кујнски крпи.
Овие производи се создадени со внимание кон квалитетот, практичноста и хигиената во секој дом.

Со долгогодишно искуство во конверзијата на хартија и постојано следење на технолошките иновации, успешно ги комбинираме стандардите на современото производство со флексибилност во понудата. Покрај нашите сопствени брендови, произведуваме и производи за потребите на ХОРЕКА, како и други приватни брендови, според нивните потреби и спецификации.

Нашите партнери, како и потрошувачите, ја препознаваат стабилноста, сигурноста и доследниот квалитет кој го нудиме. Постојано растеме и се развиваме. Насочени сме кон создавање производи што секојдневно ја олеснуваат и разубавуваат домашната грижа.